февруари 3, 2020

Физичка пресметка помеѓу две групи пред училиште на бул. „Трета македонска бригада“

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Што се случило: На 03.02.2020 во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред училиште на бул.„Трета македонска бригада“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две групи, меѓу кои имало малолетници. Притоа, У.Д.(18) од Скопје се здобил со убодна рана, по што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е етничко потекло, а пристрасните индикатори се:

  1. Етничкото потекло– жртвите и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
  2. Локацијата-претходни инциденти на локацијата.

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.


Број на жртви
1
Број на сторители
-
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Физичка пресметка помеѓу две групи пред училиште на бул. „Трета македонска бригада“ image