мај 3, 2019

Физичка пресметка на ул. Скупи во Скопје

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Што се случило: На 05.03.2019 во 21.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Скупи 2“ бил
нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу лицата Џ.С.(27), М.С.(35) и А.С.(25) од една страна
и С.З.(24), Ѓ.З.(33) и уште две малолетни лица на возраст од 17 и 15 години од друга страна. Составени се
записници за констатиран прекршок по член 11 став 3 од ЗППЈРМ.
Датум, време и место на инцидентот: 05.03.2019 во 21.10 часот, ул. „Скупи 2“ Скопје.
Извор на информации: дневен билтен на МВР, opserver.mk
Инволвирани жртви: две (2) полнолетни и две (2) малолетни жртви
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: повеќе непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвите и напаѓачите биле од различна етничка заедница. Во тој дел на градот
(во близина на с. Злокуќани и Момин Поток) живее население од различни етнички заедници, претежно
Македонци, Роми и Албанци.
Статус на случајот: затворен
Одговор на локалните власти: Случајот е заведен како прекршок по член 11 од ЗППЈРМ.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.

Адреса
ул. „Скупи 2“ Скопје
Име на Локација
ул. „Скупи 2“ Скопје

Број на жртви
4
Број на сторители
3
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад
Име на Локација
Улица
Физичка пресметка на ул. Скупи во Скопје image

Кривични дела

Против јавниот ред
Насилство

Основа

Етничка припадност