февруари 4, 2019

Физичка пресметка меѓу ученици во Драчево

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување
Насилство врз малолетници

Што се случило: На 04.02.2019 година околу 09.20 часот во Полициската станица Драчево било пријавено дека на ул. Китка во близина на Државното средно училиште „Браќа Миладиновци“ во населба Драчево настанала физичка пресметка меѓу ученици, а А.Б.. (17) од с.Вражале со нож му нанел повреда на Р.Д.(18) од село Батинци, скопско. Р.Д. бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, а на А.Б. му била укажана помош во ЈЗУ Амбуланта Драчево. А.Б. е приведен во полициска станица, а повикани се и пет други ученици кои учествувале во физичката пресметка.

Датум, време и место на инцидентот: 04 февруари 2019 година, ул. „Китка“ Скопје.
Извор на информации: дневен билтен на МВР
https://opserver.mk/crna-hronika/uchenik-od-dsu-brakja-miladinovci-proboden-so-nozh/
Инволвирани жртви: една полнолетна жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РМ)
Сторители: еден познат сторител
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло– жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.

Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.

Адреса
ул. Китка
Име на Локација
во близина на Државното средно училиште „Браќа Миладиновци“ во населба Драчево

Број на жртви
1
Број на сторители
1
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Сериозна закана Телесна повреда Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го фатија сторителот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Физичка пресметка меѓу ученици во Драчево image

Кривични дела

Против животот и телото
Тешка телесна повреда
Против слободите и правата
Криминална закана
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност