јули 6, 2020

Физичка пресметка во автобус бр.45

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Што се случило: На 06.07.2020 во 21.00 часот во СВР Скопје, Д.С.(22) од Скопје пријавил дека околу 21.05 часот на ул.„Методија Андонов Ченто“, во автобус бр.45, поради меѓусебно нетрпение, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу пријавителот и Д.М.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е етничката припадност, а пристрасните индикатори се:

  1. Етничкото потекло– жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
  1. Модел на претходни инциденти – напади врз млади лица на улица, блиску училиште, во автобус

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.


Број на жртви
1
Број на сторители
1
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Физичка пресметка во автобус бр.45 image