декември 28, 2018

Уште еден напад во средното Арсениј Јовков

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Насилство врз малолетници

Што се случило: На 28.12.2018 година околу 17.00 часот пријавено е дека во средното училиште “Арсени
Јовков“- Скопје, кај капијата од училиштетото, неколку ученици физички нападнале 16- годишен ученик.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Датум, време и место на инцидентот: 28.12.2018 година, пред училишниот двор на ДСУ Арсениј Јовков
во Чаир, Скопје.
Извор на информации: Билтен на МВР.
Инволвирани жртви: 1 малолетник (16 год.).
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: Група малолетници.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пред училишниот
двор на средно училиште кое се наоѓа во Чаир (мешана етничка среднина) пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – нападнатиот малолетник и малолетниците напаѓачи се од
различно етничко потекло (македонци и албанци);
2. Модел на претходни инциденти – судир и конфликт помеѓу ученици од различно етничко потекло
особено во главниот град се случува многу често. Ваквите судири најчесто се случуваат помеѓу
деца од македонско и албанско етничко потекло, додека другите заедници поретко или никогаш не
се инволвирани во вакви инциденти.
3. Место – Инцидентот се случил во средно училиште и во населено место каде живее мешано
етничко население и учат ученици од различни етнички заедници.

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: До затвoрaње на овој извештај сеуште немаме одговор од МВР.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и
особено безбедноста на децата и младите луѓе во средини кои треба да се сигурни и безбедни за нив (
училишта, јавен превоз, населби во кои живеат и се движат).

Адреса
Средно економско и правно училиште „Арсени Јовков“, Костурска, Скопје, Северна Македонија
Име на Локација
Средно економско и правно училиште „Арсени Јовков“, Костурска, Скопје, Северна Македонија

Број на жртви
1
Број на сторители
6
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Сериозна закана Телесна повреда Физички напад Насилство
Име на Локација
Институција
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Уште еден напад во средното Арсениј Јовков image

Кривични дела

Против животот и телото
Телесна повреда
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност