октомври 10, 2013

Тројца скопјани се тепале во автобус на ЈСП

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Тројца млади скопјани се тепале вчера во автобус на ЈСП.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера, околу 13,20 часот во село Волково , во близина на автобуска постојка кај железничкиот премин во село Ново Село, во автобус број 22, сопственост на ЈСП, се степале 20-годишниот А.К. од Волково од една страна и од друга страна С.М.(19) и А.С.(18) двајцата од Никиштани-скопско.

Тие си размениле по неколку удари со тупаници и клоци во пределот на главите и телата.

По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Адреса
Volkovo, Macedonia (FYROM)

Број на сторители
1
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Тројца скопјани се тепале во автобус на ЈСП image