август 5, 2020

Тројца малолетници нападнати на ул. „11 Октомври“

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Што се случило: На 05.08.2020 во 20.30 часот во СВР Скопје, 17-годишник од Скопје пријавил дека на ул.„11 Октомври“, додека бил со двајца свои малолетни познаници, две непознати лица кои биле со патничко возило „бмв“, физички го нападнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е етничката припадност, а пристрасните индикатори се:

  1. Етничкото потекло– жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
  1. Модел на претходни инциденти – напади врз млади лица на улица, блиску училиште, во автобус

 

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.


Број на жртви
3
Број на сторители
2
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Тројца малолетници нападнати на ул. „11 Октомври“ image