Што се случило: Двајца мигранти од Мароко биле претепани и ограбени од страна на тројца
непознати сторители во близина населото Смоквица, Гевгелија. Сторителите се претставиле како
полициски службеници и почнале да ги тепаат со бејзбол-палки, заканувајќи им се со електрошок-
пиштоли и ги ограбиле одземајќи им 600 евра и два мобилни телефони.
Датум, време и место на инцидентот: 7 декември, 22:00 часот, во близина на селото Смоквица,
Гевгелија.
Извор на информации: Електронски медиум Кумановски муабети.
Инволвирани жртви: Двајца Мароканци.
Вид на злосторства: „Разбојништво“ (член 237, КЗ на РМ), „Телесна повреда“ (член 130, КЗ на РМ).
Сторители: Тројца непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – етничкото потекло на сторителите и жртвите се разликуваат;
жртвите се припадници на група (марокански мигрант) која е убедливо помалобројна од
припадници на друга група (македонска популација) во областа каде се случил инцидентот;
2. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е последен од растечкиот тренд на кражби и
напади врз мигранти.
Статус на случајот: Поднесена кривична пријава.
Одговор на локалните власти: До моментот на пишување на овој извештај, МВР не одговори на барањето за информации од јавен карактер кое Комитетот го испрати во врска со овој инцидент.
Сепак, тие известија преку медиумите дека поднеле кривична пријава.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање безбедноста на
мигрантите кои влегуваат и поминуваат низ земјата.