август 10, 2014

Тепачка пред билетарницата на скопскиот стадион (верифицирано)

Инцидент
Инциденти сторени на спортски натпревари
Инциденти сторени поради етничка припадност

Што се случило: Во текот на фудбалски натпревар помеѓу ФК Вардар и ФК Шкендија избила
тепачка пред билетарницата кај Стадионот „Филип Втори“ во Скопје, во текот на која и’ биле
нанесени телесни повреди на најмалку една личност.

Датум, време и место на инцидентот: 10 август, 18:30 часот, Стадион „Филип Втори“, Скопје.
Извор на информацијата: Локалниот електронски медиум „центарњуз.мк“ (centarnews.net).
Вклучена(и) жртва(и): На најмалку едно лице му биле нанесени полесни телесни повреди, од
непозната националност.
Вид на кривично дело(а): Учество во тепачка (Чл.132), Насилство (Чл.386), Телесна повреда (Чл.130).
Сторител(и): Непозната група на сторители.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: До овој инцидент дошло во
тек на спортски натпревар, а мотивот на пристрасност во овој инцидент е етничкото потекло,
државјанство или јазик, додека индикатори на пристрасност во овој инцидент се:
1. Разлика помеѓу сторителот и жртвата според етничка основа – членовите на навивачките клубови
(Шверцери и Комити) се со различна етничка припадност.
2. Културни разлики – жртвата се занимавала со активности за промоција на неговиот/нејзиниот
настан за време на инцидентот.
3. Природа на насилството – Инцидентот бил извршен во јавност.
4. Недостаток на други мотиви.

Статус на случајот: Непознат
Одговор на надлежните власти: Преку „Одговор на барање“ за информации од јавен карактер,
на барањето испратено од Комитетот, Министерството за внатрешни работи изјави дека немаат
информации за било каков инцидент поврзан со тој спортски натпревар.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање
општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички заедници во
општеството.

Адреса
Стадион „Филип Втори“, Скопје
Име на Локација
Стадион „Филип Втори“, Скопје

Број на жртви
-
Број на сторители
-
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Сериозна закана Телесна повреда Физички напад Насилство
Име на Локација
Друга јавна локација
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Не направија ништо
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Тепачка пред билетарницата на скопскиот стадион (верифицирано) image

Кривични дела

Против животот и телото
Телесна повреда
Против јавниот ред
Насилство
Против државата
Предизвикување национална, расна или верска омраза, раздор и нетолеранција

Основа

Националност Етничка припадност