септември 26, 2014

Тепачка помеѓу ученички во скопското средно училиште „Марија Кири Склодовска “(неверифицирано)

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Насилство врз малолетници

Што се случило: Две групи средношколки (Македонки и Албанки) од скопското средно училиште
„Марија Кири Склодовска“ започнале тепачка во текот на часот по физичко. Според една од
средношколките од македонско етничко потекло, професорот, кој е Албанец, удрил една од
Македонките.

Датум, време и место на инцидентот: 26 септември, 2014, 14:00 часот, скопско средно училиште
„Марија Кири Склодовска“.
Извор на информацијата: Локалниот електронски медиум „плусинфо.мк“ (plusinfo.mk).
Вклучена(и) жртва(и): Две групи средношколки, една од македонско, другата од албанско етничко
потекло.
Вид на кривично дело(а): Учество во тепачка (Чл.132), Насилство (Чл.386).
Сторител(и): Две групи средношколки, една од македонско, другата од албанско етничко потекло
и еден професор во средното училиште (Албанец).
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на пристрасност во овој
инцидент е етничкото потекло, државјанство или јазик, додека индикатори на пристрасност во
овој инцидент се:
1. Разлика помеѓу сторителот и жртвата според етничка основа –етничкото потекло на групите што се
степале е различно. Исто така, професорот е Албанец, додека девојката што ја удрил е Македонка.
2. Природа на насилството – Инцидентот бил извршен во јавност, во текот на часот по физичко.
3. Недостаток на други мотиви.

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на надлежните власти: Министерството за внатрешни работи одговори на Барање за
информации од јавен карактер испратено од Комитетот, дека нема информации поврзани со овој
инцидент.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање
општата безбедносна состојба во земјата, и соживотот помеѓу различните етнички групи во
општеството.

Адреса
„Марија Кири Склодовска“
Име на Локација
„Марија Кири Склодовска“

Број на жртви
-
Број на сторители
-
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Телесна повреда Физички напад Насилство
Име на Локација
Институција
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Тепачка помеѓу ученички во скопското средно училиште „Марија Кири Склодовска “(неверифицирано) image

Кривични дела

Против животот и телото
Телесна повреда
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност