Што се случило: На 21 ноември 2020 година, во полициската станица „Ѓорче Петров“ од страна на полициски службеници биле приведени осум малолетни лица на возраст од 14 до 17 години. Полицијата постапувала по пријава според која во 21.30 часот истиот ден, на подрачјето на општина Ѓорче Петров, во близина на угостителски објект, неколку лица со тврди предмети нападнале двајца малолетници, кои биле со уште тројца другари. Причината за нападот и подоцнежната тепачка е различната етничка припадност на малолетниците. Од полициската станица велат дека по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е претпоставеното етничко потекло затоа тоа што нападот се случил поради тоа што момчињата зборувале различни јазици, а пристрасните индикатори се:
- Јазик на зборување – засегнатите малолетници зборувале на различен јазик од напаѓачите
- Етничкото потекло – инволвираните припаѓаат на различни етнички заедници
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички и јазични групи во општеството