февруари 20, 2014

Тепачка на осмоодделенци во училиште во Куманово (неверифицирано)

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Насилство врз малолетници

Што се случило: Четиринаесет малолетници и учител од основното училиште „Бајрам Шабани“
биле нападнати и малтретирани од група ученици од основното училиште „Браќа Миладиновци“,
по завршување на заедничка проектна активност.

Датум, време и место на инцидентот: 20 февруари, 1:30 часот попладне, во близина на училиштето
„Бајрам Шабани“ во Куманово.
Извор на информацијата: Националниот електронски медиум „Плусинфо“ (Plusinfo.)
Вклучена(и) жртва(и): Четиринаесет малолетници и учител од основното училиште „Бајрам
Шабани“ од Куманово.
Вид на кривично дело(а): Насилство Чл. 386 КЗРМ, Телесна повреда, Чл. 130 КЗРМ, Учество во
тепачка Чл. 132 КЗРМ.
Сторител(и): Група на основци од основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Куманово.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Во овој инцидент, мотивот на
пристрасност е етничкото потекло, државјанството или јазикот, додека индикаторите на
пристрасност се:
1. Претпоставена разлика помеѓу сторителот и жртвата според етничка припадност – поради мешаниот
етнички состав на училиштата што ги посетуваат учениците, етничката припадност на жртвите
може да се разликува од онаа на сторителите.
2. Коментари – Тепачката била проследена со вербално вознемирување (содржината не е
прецизирана).
3. Место и време – Инцидентот се случил по присуството на малцинска група (ученици Македонци)
во основно училиште посетувано претежно од ученици Албанци.
4. Природа на насилството – Инцидентот бил извршен во јавност.

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на надлежните власти: Откако Комитетот прати „Барање за јавни информации“,
Полицијата одговори дека го расчистиле случајот, но не прецизираше ништо во врска со можниот
мотив или преземените чекори.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков тип ја доведуваат во прашање
општата политичка ситуација во земјата и соживотот помеѓу Македонците, од една страна, и
Албанците од друга, како две најголеми етнички заедници во државата, и дополнително влијаат
врз градењето на толерантно мултиентичко опкружување во кое би можеле да растат младите
луѓе.

Адреса
основно училиште „Бајрам Шабани“ Куманово
Име на Локација
основно училиште „Бајрам Шабани“ Куманово

Број на жртви
15
Број на сторители
-
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Име на Локација
Друга јавна локација
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Тепачка на осмоодделенци во училиште во Куманово (неверифицирано) image

Кривични дела

Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност