април 22, 2014

Тепачка на дерби натпреварот помеѓу МЗТ и Лирија (верифицирано)

Инцидент
Инциденти сторени на спортски натпревари
Инциденти сторени поради етничка припадност

Што се случило: Навивачите клубови и на двата тимови започнаа повеќе тепачки во текот на
кошаркарскиот натпревар помеѓу МЗТ и Лирија во Скопје.

Датум, време и место на инцидентот: 22 април, Спортски центар „Борис Трајковски“, Скопје
Извор на информацијата: Националниот електронски медиум 24Вести.
Вклучена(и) жртва(и): Непознат број на жртви од двете страни.
Вид на кривично дело(а): Телесна повреда Чл. 130 КЗРМ, Оштетување туѓи предмети (Чл. 243),
Насилство (Чл. 386), Загрозување на сигурноста (Чл. 144), Напад врз службено лице при вршење
работи на безбедноста (Чл. 383).
Сторител(и): Непознат број на сторители од двете страни.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на пристрасност во овој
инцидент е етничкото потекло, државјанство или јазик, додека индикатори на пристрасност во
овој инцидент се:
1. Коментари – од извори на теренот Комитетот доби информации дека и двете страни постојано
извикувале навредливи пароли исполнети со омраза.
2. Разлика помеѓу сторителот и жртвата според етничка припадност – овие навивачки клубови во
главно се состојат од членови на само една етничка заедница (навивачите на МЗТ се главно
Македонци, додека навивачите за Лирија се во главно Албанци).
3. Локација и време – инцидентот се случил во текот на спортски натпревар помеѓу тимовите на
двете навивачки групи.
4. Природа на насилството – Инцидентот бил извршен во јавност.
5. Недостаток на други мотиви.

Статус на случајот: Сторителите се пронајдени. Случајот е под истрага.
Одговор на надлежните власти: Преку медиумите полицијата изјави дека ги привеле одговорните
сторители и дека ќе се преземат соодветните мерки. Сепак, преку „Одговор на барање“ за
информации од јавен карактер побарано од страна на Комитетот, Министерството за внатрешни
работи изјави дека не биле регистрирани никакви инциденти во текот на тој натпревар.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање
општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во
земјата.

Адреса
Спортски центар „Борис Трајковски“, Скопје
Име на Локација
Спортски центар „Борис Трајковски“, Скопје

Број на жртви
-
Број на сторители
-
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот Сериозна закана Телесна повреда Физички напад Насилство
Име на Локација
Друга јавна локација
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Тепачка на дерби натпреварот помеѓу МЗТ и Лирија (верифицирано) image

Кривични дела

Против животот и телото
Телесна повреда
Против слободите и правата
Превенција или нарушување на јавниот собир
Против сопственоста
Оштетување на имотот

Основа

Националност Етничка припадност