април 16, 2014

Тепачка на Бит-пазар – група од 20 Албанци нападнале 16-годишен малолетник (неверифицирано)

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Насилство врз малолетници

Што се случило: Група од околу 20-ина мажи од албанско етничко потекло нападнале 16-годишно
момче и двајца негови пријатели кои се здобиле со видливи повреди.

Датум, време и место на инцидентот: 16 април, 19:00часот, автобуска станица во близина на Бит
Пазар, Скопје.
Извор на информацијата: Локалниот медиум „Пресс24“ (Press24).
Вклучена(и) жртва(и): Три лица од машки пол со непознато етничко потекло, од кои потврдено е
дека еден бил малолетник.
Вид на кривично дело(а): Загрозување на безбедноста Чл.144, Телесна повреда Чл.130 КЗРМ.
Сторител(и): Група од околу 20 непознати Албанци од машки пол.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на пристрасност во овој
инцидент е етничката припадност, државјанство или јазик, а индикатори на пристрасност во овој
инцидент се:
1. Претпоставена разлика помеѓу сторителот и жртвата според етничка припадност – Со оглед на
мешаниот етнички состав на населението во заедницата што живее во регионот на Бит Пазар,
може да се препостави дека етничката припадност на жртвата се разликува од онаа на сторителот.
2. Природа на насилството – Инцидентот бил извршен во јавност.
3. Недостаток на други мотиви

Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на надлежните власти: Преку „Одговор на барање“то за информации од јавен
карактер пратено од Комитетот, Министерството за внатрешни работи изјави дека се преземаат
неопходните мерки за расчистување на случајот.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков тип ја доведуваат во прашање
општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички заедници во
општеството.

Адреса
Бит Пазар, Скопје
Име на Локација
Бит Пазар, Скопје

Број на жртви
3
Број на сторители
15
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Сериозна закана Телесна повреда Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Тепачка на Бит-пазар – група од 20 Албанци нападнале 16-годишен малолетник (неверифицирано) image

Кривични дела

Против животот и телото
Телесна повреда
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност