Што се случило: На 14.03.2019 година во 15,15 часот во СВР-Скопје, било пријавено дека на булеварот “Трета
Македонска бригада“ во средно училиште за време на големиот одмор, Ф. А., А.М. и А.И., сите од село Копаница
– скопско, заедно со уште две лица физички ги нападнале М.И (19) и Б.М. (18), двајцата од село Батинци. На
М.И. и Б.М. им е укажана лекарска помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Се преземаат
мерки за целосно расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 14.03.2019 година во 15.15 часот бул. „ Трета Македонска бригада “
Скопје.
Извор на информации: дневен билтен на МВР, lider.com.mk
Инволвирани жртви: две малолетни жртви
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: пет (5) сторители, од кои три (3) се познати
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
2. Локација – настанот се случил во средно училиште во кое учат ученици од различни етнички заедници
Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: Од страна на Единицата на насилен криминал до ОЈО Скопје поднесена е
кривична пријава против Ф.А. (20) и А.Ф (21) од Скопје поради постоење на основи на сомнение дека сториле
кривично дело „Насилство“ од член 386 од КЗ.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.