април 9, 2019

Средношколец нападнат од своите соученици во ГУЦ „Здравко Цветковски“

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Што се случило: На 09.04.2019 во 20.00 часот во Полициската станица Карпош, М.В. (18) пријавил дека истиот
ден околу 17.50 часот во средното училиште „Здравко Цветковски“ во Скопје бил физички нападнат од неговите
соученици П.К., К.П. и Ф.И. Се работи на расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 09.04.2019 околу 17.50 часот во средното училиште „Здравко Цветковски“
Извор на информации: дневен билтен на МВР, sitel.com.mk; emagazin.mk
Инволвирани жртви: една (1) жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: три (3) познати сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
2. Локација – настанот се случил во средно училиште во кое учат ученици од различни етнички заедници
и каде и претходно имало регистрирано вакви настани.
Статус на случајот: затворен.
Одговор на локалните власти: Поднесен записник за констатиран прекршок по чл.16 од ЗППЈРМ.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството, и особено негативно се
одразуваат на развојот и безбедноста на децата.

Адреса
Скопје 1000, Северна Македонија
Име на Локација
Гимназија Здравко Цветковски

Број на жртви
1
Број на сторители
3
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад
Средношколец нападнат од своите соученици во ГУЦ „Здравко Цветковски“ image

Кривични дела

Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност