мај 25, 2015

Средношколец–матурант нападнат поради веење на државното знаме (потврдено)

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност

Што се случило: Неколку сторители нападнале средношколец–матурант и негов пријател затоа
што тие го ставиле државното знаме во салата на хотел Континентал каде ученикот ја славел
својата матура. По прославата, таткото на матурантот дошол да го одвезе својот син дома.
По патот, нивното возило најнапред било следено од возило „Мерцедес“. Веднаш потоа, тие
биле принудно сопрени од возило „Ауди“. Од „Аудито“ излегле неколку луѓе со дрвени палки и
заканувајќи им се дека ќе употребат огнено оружје, го оштетиле возилото. За време на нападот,
тројца од жртвите се здобиле со полесни повреди од скршено стакло.

Датум, време и место на инцидентот: 25 мај, 022:30 часот, Скопје.
Извор на информации: Национален електронски медиум мкд-њуз.
Инволвирани жртви: Вкупно четворица – двајца од нив нападнати во хотел Континентал, а уште
двајца кога се возеле во возилото на жртвата.
Вид на злосторства: „Насилство“ (член 386, КЗ на РМ), „Телесна повреда“ (член 130, КЗ на РМ),
„Оштетување туѓи предмети“ (член 243, КЗ на РМ).
Сторители: Непозната група млади луѓе.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Претпоставена разлика во етничкото потекло – инцидентот се случил во област населена од
луѓе со мешан етнички состав;
2. Претпоставена разлика во етничкото потекло – жртвите ја промовирале својата националност
(поставување знаме) за време на инцидентот;
3. Природа на насилството – инцидентот се случил во јавност;
4. Недостаток на други мотиви.

Статус на случајот: Поднесени прекршочни и кривични пријави.
Одговор на локалните власти: Одговарајќи на барање за информации од јавен карактер,
Министерството за внатрешни работи (МВР) одговори дека се поднесени прекршочни пријави
против двајца луѓе за напад пред хотелот, а кривични пријави се поднесени против тројца луѓе за
кривичното дело „Насилство“ во вториот инцидент.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.

Адреса
хотел Континентал ,Скопје
Име на Локација
хотел Континентал,Скопје

Број на жртви
4
Број на сторители
5
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Сериозна закана Физички напад Насилство
Име на Локација
Друга јавна локација
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го фатија сторителот
Средношколец–матурант нападнат поради веење на државното знаме (потврдено) image

Кривични дела

Против животот и телото
Телесна повреда
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност