јуни 9, 2013

Снимале како го тепаат за да изговори зборови од Исламот

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.И.(16), Е.Д.(16), А.Б.(15) и Ќ.А.(16) сите од Куманово за сторено кривично дело „насилство“. На 09.06.2013 година, во Куманово на ул. „Плоштад Нова Југославија“, пријавените физички нападнале 14 годишен малолетник и неговиот другар, а потоа со ремен го удриле 14-годишниот малолетник по главата, нанесувајќи му телесни повреди.

СВР Куманово поднесе посебен извештај против двајца 14 годишни малолетници од Куманово за сторено кривично дело „насилство“. На 09.06.2013 година, во Куманово на ул. „Гоце Делчев“, пријавените физички нападнале 12 годишен малолетник , удирајќи го по вратот, а го принудиле да изговори и зборови од исламот и истото го снимале со мобилниот телефон

Адреса
Kumanovo, Macedonia (FYROM)

Број на сторители
1
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Снимале како го тепаат за да изговори зборови од Исламот image