ноември 27, 2020

Сквернавење на споменикот за бугарските туристи во Охрид

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Што се случило: На 27.11.2020 во претпладневните часови во Охрид е разрушен споменикот на брегот на Охридското езеро, кој беше подигнат во спомен на бугарските туристи кои ги загубија животите при несреќа на патување на бродот ‘Илинден’, во која настрадаа бугарски туристи, на 5 септември 2009 година.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е националната основа поради тоа што нападот се случил затоа што споменикот е посветен на бугарските туристи, а пристрасните индикатори се:

  1. Модел на претходни инциденти – претходни сквернавања на споменици од слична природа
  2. Време на инцидентот – непосредно по бугарското вето на преговарачка рамка за Република Северна Македонија за влез во Европската Унија
  1. Национална основа – споменикот е посветен на бугарски турсти

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и животот помеѓу различните национални, етнички и јазични групи во општеството


Број на жртви
-
Број на сторители
-
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот
Сквернавење на споменикот за бугарските туристи во Охрид image