април 18, 2019

Расистички напад во центарот на Скопје- истепан малолетник поради неговата боја на кожа

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Што се случило: На 18.04.2019 година во 21.40 часот во Полициската станица Центар, М.А.М.(38) од Скопје
пријавила дека истиот ден околу 18.20 часот на плоштад „Македонија“ нејзиниот 13 – годишен син, кој бил со
своите брат и сестра, бил физички нападнат од две непознати лица. За кривичното дело е поднесена кривична
пријава од страна на Хелсиншкиот комитет и мајката на жртвата до ОЈО Скопје за сторено кривично дело
„Насилство“ по чл.386 ст.5 од КЗ. Сè уште нема јавнообвинителска одлука по кривичната пријава.
Датум, време и место на инцидентот: 18.04.2019 година околу 18.20 часот на плоштад „Македонија“
Извор на информации: дневен билтен на МВР, kurir.mk; press24.mk; skopjeinfo.mk
Инволвирани жртви: една (1) малолетна жртви
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: двајца (2) сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е боја
на кожа/раса, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
2. Локација – во овој дел од градот и претходно се регистрирани ваков вид на инциденти
Статус на случајот: пријавен
Одговор на локалните власти: Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.

Адреса
Плоштад Македонија, Скопје 1000, Северна Македонија
Име на Локација
Плоштад Македонија, Скопје 1000, Северна Македонија

Број на жртви
1
Број на сторители
2
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад
Име на Локација
Друга јавна локација
Расистички напад во центарот на Скопје- истепан малолетник поради неговата боја на кожа image

Кривични дела

Против јавниот ред
Насилство

Основа

Раса Боја на кожа Националност Етничка припадност