октомври 15, 2018

Разбојништво над мигрант од Иран

Инцидент
Инциденти заради бегалски или мигрантски статус

Што се случило: На 15.10.2018 година во СВР Куманово Р.Р.(32) од Иран пријавил дека три непознати
лица му извршиле разбојништво и физички го нападнале. Се преземаат мерки за расчистување на
случајот.

Датум, време и место на инцидентот: 15.10.2018 година Куманово
Извор на информации: дневен билтен на МВР.
Инволвирани жртви: едно лице мигрант од Иран
Вид на злосторства: Разбојништво (Член 237 КЗ на РСМ), телесна повреда (член 130 КЗ на РСМ)
Сторители: непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е статусот
на мигранти/бегалци, тоа што жртвите се мигранти а пристрасните индикатори се:
1. Статус на мигранти/бегалци – жртвата е мигрант/бегалец;
2. Модел на претходни инциденти – напади на мигранти во овој дел од државата во близина на
граничниот премин се регистрирани и претходно

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: На барањето доставено до МВР во врска со овој инцидент, дали има
индикатори со кои ќе се потврди дело од омраза, добивме одговор дека МВР преземало мерки за
расчистување на случајот, дека лицето после лекарската интервенција било сместено како и сите
мигранти во транзитниот центар за мигранти во Табановце, дека била известена Иранската Амбасада,
и дека додека се правеле напори за обезбедување на преведувач, лицето своеволно и во непознат
правец го напуштило транзитниот центар за мигранти.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање безбедноста на
лицата мигранти и бегалци кои транзитират низ нашата земја.

Адреса
Куманово, Северна Македонија
Име на Локација
Куманово, Северна Македонија

Број на жртви
1
Број на сторители
3
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот Телесна повреда Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Разбојништво над мигрант од Иран image

Кривични дела

Против животот и телото
Телесна повреда
Против сопственоста
Кражба Грабеж Оштетување на имотот
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Раса Националност Етничка припадност