април 26, 2016

Разбојништво врз бегалец во Ваксинце (потврдено)

Инцидент
Инциденти заради бегалски или мигрантски статус
Инциденти сторени поради етничка припадност

Што се случило: Неколку непознати лица извршиле разбојништво врз Сириски државјанин.
Лицето излегло од Прифатниот центар Табановце да оди во продавница во с.Ваксинце, но по пат
бил пресретнат од сторителите кои, заканувајќи му се по неговиот живот, му побарале пари, по
што откако им рекол дека нема, физички го нападнале и му одзеле 10 евра и 2.400 денари.

Датум, време и место на инцидентот: 26 април, околу 12:00 часот, с.Ваксинце, општина Липково.
Извор на информации: Дневен билтен на Министерство за внатрешни работи.
Инволвирани жртви: Еден Сириец.
Вид на злосторства: Разбојништво (Член 237, КЗ).
Сторители: Група од неколку непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – етничкото потекло на сторителите и жртвите се разликуваат;
жртвите се припадници на група (сириски мигрант) која е убедливо помалубројна од припадници
на групата на граѓани во областа каде се случил инцидентот;
2. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е последен од растечкиот тренд на кражби и
напади врз мигранти.

Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека од страна на инспектор
во СВР Куманово до ОЈО Куманово било поднесено Известување од 13.05.2016 година во врска
со кривично дело „Разбојништво“ по чл.237 ст.1 од КЗ.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање безбедноста на
мигранти кои влегуваат и поминуваат низ земјата.

Адреса
с.Ваксинце, општина Липково
Име на Локација
с.Ваксинце, општина Липково

Број на жртви
1
Број на сторители
-
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Разбојништво врз бегалец во Ваксинце (потврдено) image

Кривични дела

Против слободите и правата
Повреда на еднаквоста на граѓаните Криминална закана
Против сопственоста
Грабеж
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност