август 13, 2015

Разбојништво во Гевгелија: Сириски мигранти ограбени од вооружена група (потврдено)

Инцидент
Инциденти заради бегалски или мигрантски статус

Што се случило: Двајца мигранти од Сирија биле ограбени од вооружена група од двајца мажи и
една жена во паркот Виолета во Гевгелија. Сторителите одзеле мобилни телефони и пари.

Датум, време и место на инцидентот: 13 август, 04:00 часот, парк Виолета во Гевгелија.
Извор на информации: Медиум Сител.
Инволвирани жртви: Двајца Сиријци.
Вид на злосторства: „Разбојништво“ (член 237, КЗ на РМ).
Сторители: Двајца непознати мажи и една жена.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – етничкото потекло на сторителите и жртвата се разликуваат;
жртвата е припадник на група (сириски мигрант) која е убедливо помалобројна од припадници на
друга група (македонска популација) во областа каде се случил инцидентот;
2. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е последен од растечкиот тренд на кражби и
напади врз мигранти.

Статус на случајот: Поднесена кривична пријава против непознати сторители.
Одговор на локалните власти: Одговарајќи на барање за информации од јавен карактер,
Министерството за внатрешни работи (МВР) одговори дека поднеле кривична пријава против
непознати сторители.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање безбедноста на
мигрантите кои влегуваат и поминуваат низ земјата.

Адреса
Гевгелија
Име на Локација
парк Виолета во Гевгелија

Број на жртви
2
Број на сторители
3
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот Сериозна закана Напад со огнено оружје
Име на Локација
Парк
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Разбојништво во Гевгелија: Сириски мигранти ограбени од вооружена група (потврдено) image

Кривични дела

Против слободите и правата
Криминална закана
Против сопственоста
Оштетување на имотот

Основа

Националност Етничка припадност