Што се случило: 24-годишно лице од машки пол било прободено со нож од непознати напаѓачи
во Аеродром, без никаква причина.
Датум, време и место на инцидентот: 2 април, бул. Јане Сандански во Општина Аеродром, Скопје.
Извор на информацијата:. Електронскиот медиум мкд.мк (mkd.mk).
Вклучена(и) жртва(и): 24-годишно лице од машки пол со непознато етничко потекло. Бил прободен
во грбот, во близина на левото рамо.
Вид на кривично дело(а): Тешка телесна повреда, Чл. 131 КЗРМ; Насилство Чл. 386 КЗРМ;
Сторител(и): Непознат.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на пристрасност во овој
инцидент е етничко потекло, државјанство или јазик, додека индикаторите за пристрасност во
овој инцидент се:
1. Шема на инциденти – ова се две од четири прободувања што се случија во Скопје таа вечер, по
кошаркарски натпревар каде исто така дошло до масовна тепачка (неповрзана со злосторство од
омраза).
2. Природа на насилството – Инцидентот бил извршен во јавност.
3. Недостаток на други мотиви.
Статус на случајот: Непознат(и).
Одговор на надлежните власти: Преку „„Одговор на барање““ за информации од јавен карактер
Министерството за внатрешни работи му одговори на Комитетот дека се преземаат сите неопходни
мерки за расчистување на случајот.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков тип ја доведуваат во прашање
општата политичка ситуација во земјата и соживотот помеѓу различните етнички заедници во
општеството.