март 8, 2019

Прободен млад човек во Чаир на ул. „Џон Кенеди“

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Предизвикување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост

Што се случило: На 08.03.2019 година во 22.10 часот во СВР – Скопје било пријавено дека на улицата “Џон
Кенеди“ К.С. (24) од Скопје по претходна расправија бил физички нападнат од Љ.А. (25) од Скопје, кој бил со
уште едно лице и му нанел убодна рана на К.С., кој бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за
укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 08.03.2019 година во 22.10 часот ул. „Џон Кенеди“ Скопје.
Извор на информации: дневен билтен на МВР, press.mk
Инволвирани жртви: една (1) жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ) Телесна повреда (член 135 од КЗ)
Сторители: еден (1) познат сторител
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
2. Локација – настанот се случил во населба каде живее мешано етничко население и каде постои
нетрпеливост помеѓу етничките заедници
Статус на случајот: Идентификуван сторител.

Адреса
ул. „Џон Кенеди“ Скопје
Име на Локација
ул. „Џон Кенеди“ Скопје

Број на жртви
1
Број на сторители
1
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Сериозна закана Телесна повреда Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Прободен млад човек во Чаир на ул. „Џон Кенеди“ image