април 4, 2018

Прободен малолетник во Ѓорче Петров

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Насилство врз малолетници
Предизвикување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост

Што се случило: На 08.04.2018 година во 01,00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров Е.С.(51)
пријавил дека на 07.04.2018 година околу 22,30 часот додека неговиот син Е.С. (17) се движел по
улицата “Ангел Винички“ бил пресретнат од страна на две непознати лица. Едното од нив извадило
нож и го прободело во пределот на левата надколеница. Малолетникот бил пренесен во Градската
општа болница “8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош и од страна на лекар констатирана
е телесна повреда. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Датум, време и место на инцидентот: 07.04.2018 година околу 22,30 часот, улицата “Ангел Винички“,
Ѓорче Петров Скопје.
Извор на информации: Електронски медиум судство.мк.
Инволвирани жртви: 1 малолетник (1 год.)
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ), Телесна повреда (Член 130, КЗ на РСМ)
Сторители: двајца непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – жртвата е малолетник а со напаѓачите се од различно етничко
потекло (македонци и албанци);
2. Модел на претходни инциденти – се напаѓаат осамени малолетници, а напаѓачите се полнолетни
или во група
9. Место – Инцидентот се случил во населено место каде и претходно имало вакви и слични напади
и каде што живеат и поминуваат луѓе од различни етнички заедници.

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР, овој инцидент е расчистен
и регистриран како прекршок против јавен ред и мир по член 11 од ЗППЈРСМ ( наша забелешка-
случајот е регистриран како тепачка, а не напад). Образложението на МВР е дека овој случај согласно
стандардните полициски процедурии со консултација од ОЈО не можеле да му најдат кривично-правна
квалификација, па затоа го регистрирале како прекршок!
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и особено
безбедноста на децата и младите луѓе во средини кои треба да се сигурни и безбедни за нив ( училишта,
јавен превоз, населби во кои живеат и се движат). Меѓутоа исто така и несоодветниот инситуционален
одговор како во конкретниот случај ( наместо кривично дело, регистрирано е само како прекршок) не
придонесува кон подобрување на ситуацијата.

Адреса
Ангел Винички, Скопје, Северна Македонија
Име на Локација
Ѓорче Петров, Скопје

Број на жртви
1
Идентитет за објавување
Сведок
Број на сторители
2
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Сериозна закана Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Прободен малолетник во Ѓорче Петров image

Кривични дела

Против животот и телото
Телесна повреда
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност