Што се случило: Две момчиња биле нападнати со камења од страна на непозната група на
сторители. Сторителите извикувале анти-албански навреди.
Датум, време и место на инцидентот: 10 јуни, Ѓорче Петров, Скопје.
Извор на информацијата: Националниот електронски медиум „алмакос.ком“ (almakos.com) (алб).
Вклучена(и) жртва(и): Двете млади Албанчиња се здобиле со видливи повреди.
Вид на кривично дело(а): Тешка телесна повреда Чл. 131 КЗРМ, Насилство (Чл.386), Загрозување
на сигурноста (Чл.144).
Сторител(и): Непознат број на сторител/и, се претпоставува од македонско етничко потекло.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на пристрасност во овој
инцидент е етничкото потекло, државјанство или јазик, додека индикатори на пристрасност во
овој инцидент се:
1. Перцепција на жртвата/сведокот – Од изјавите дадени за медиуми, може лесно да се изведе
заклучок дека жртвите сметаат дека инцидентот е поттикнат од пристрасност.
2. Коментари – во текот на нападот, сторителите гласно извикувале анти-албански навреди.
3. Разлика помеѓу жртвата и сторителот според етничка основа.
4. Природа на насилството – Инцидентот бил извршен во јавност.
5. Недостаток на други мотиви.
Статус на случајот: Поднесени се кривични пријави.
Одговор на надлежните власти: Преку „Одговор на барање“ за информација од јавен карактер
побарана од Комитетот, Министерството за внатрешни работи изјави дека дваесет и седум лица
биле уапсени во врска со „настаните во Ѓорче Петров“ и дека се поднесени кривични пријави
против голем број сторители, за делата Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење
на службено дејствие (Чл.384), Насилство (Чл.386), Тешка кражба (Чл.236), Загрозување со опасно
орудие при тепачка или караница (Чл.133 КЗРМ), Учество во толпа што ќе изврши кривично дело
(Чл.385). Но, одговорот на Министерството најверојатно се однесува на претходни инциденти во оваа општина, а не на оној за кој Комитетот побарал информации. Исто така, нема одговор на
фактот што укажува на можниот мотив за кривичното дело.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање
општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички заедници во
општеството.