април 13, 2014

Потпретседателката на СДСМ Шеќеринска нападната од пратеникот Амди Бајрам и неговиот син (неверифицирано)

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување

Што се случило: Според нејзината изјава за медиумите, Шеќеринска била нападната од Амди
Бајрам и неговиот син (дел од владината коалиција) во текот на набљудувањето на изборниот
процес во Шуто Оризари.

Датум, време и место на инцидентот: 13 април, основно училишта „Браќа Рамиз и Хамид“, Шуто
Оризари, Скопје.
Извор на информацијата: Електронскиот медиум „Нова ТВ“.
Вклучена(и) жртва(и): Едно лице од женски пол, потпретседателката на најголемата опозициска
партија во земјата.
Вид на кривично дело(а): Загрозување на сигурноста Чл.144, Тешка телесна повреда Чл.131 КЗРМ.
Сторител(и): Две лица од машки пол, што политички се дел од коалицијата на владејачката партија.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на пристрасност во овој
инцидент е политичка припадност и политичко убедување, а индикаторите на пристрасност во
овој инцидент се:
1. Место и време – инцидентот се случил во време и место од значење за изборниот процес (место
на гласање, во текот на времето за гласање).
2. Природа на насилството – Инцидентот бил извршен во јавност.
3. Недостаток на други мотиви.

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на надлежните власти: Министерството за внатрешни работи одговори на Барање за информации од јавен карактер испратено од Комитетот, дека нема информации поврзани со овој
инцидент.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков тип ја доведуваат во прашање
општата политичка состојба во земјата и соживотот помеѓу различните заедници во општеството,
како и успехот на изборниот процес.

Адреса
основно училишта „Браќа Рамиз и Хамид“, Шуто Оризари, Скопје
Име на Локација
основно училишта „Браќа Рамиз и Хамид“, Шуто Оризари, Скопје

Број на жртви
1
Број на сторители
2
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Име на Локација
Институција
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Не направија ништо
Потпретседателката на СДСМ Шеќеринска нападната од пратеникот Амди Бајрам и неговиот син (неверифицирано) image

Кривични дела

Против животот и телото
Телесна повреда
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Политичка припадност