Што се случило: На Денот на албанската азбука, во доцните вечерни часови, непознати сторители
го вандализирале Музејот на албанската азбука во Битола. Сторителите со бекатон плочки ги
искршиле стаклата од влезната врата на музејот, а над неа залепиле постер на кој има лав со меч
кој му ги пресекува главите на двоглавиот орел и пишува „Смрт за шиптари“. Над спомен плочата
е поставен уште еден постер на кој пишува „Стоп за шиптаризација“ и прецртан е албанскиот
национален симбол, односно двоглавиот орел.
Датум, време и место на инцидентот: 21 Ноември, околу 23 часот, Музеј на албанската азбука,
Битола
Извор на информации: Електронски медиуми МКД.мк.,СДК.мк, 24вести, ТВ Тера
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ), Предизвикување омраза, раздор
или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа (Член 319, КЗ),
Сторители: 2 непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
политичка припадност, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – целна локација е музејот на албанската азбука во Битола;
2. Време – инцидентот се случил ноќта на 22 ноември, Денот на албанската азбука
3. Модел на претходни инциденти – ова е втор напад на Музејот на албанската азбука во временски
период од десетина дена
Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека по пријавувањето на
настанот и по овластување на ЈО од ОЈО Битола, бил извршен увид од СВР Битола. Настанот во СВР
Битола бил заведен како кривично дело „Оштетување туѓи предмети“ за кое согласно чл.243 ст.1
од КЗ гонењето се презема по приватна тужба. За пријавениот настан биле прегледани записи од
видеонадзорот при што биле забележани две машки лица. Дополнително, во одговорот е наведено
дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и откривање на сторителите.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.