Што се случило: СВР Битола поднесе кривична пријава против Ј.Ф.(42) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Пријавениот на 28.03.2020 во 06.51 часот, на својот профил на социјалната мрежа Facebook, споделил фотографија од автобуси кои превезувале македонски државјани пристигнати од странство и биле сместени во карантин во хотел во Битола и јавно повикал лицата, кои биле донесени и сместени во хотелот, да бидат запалени и убиени.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
Модел на претходни инциденти – повикување и ширење на етничка омраза и повикување на насилство преку социјалните мрежи е се почест начин на извршување на дела од омраза.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.