ноември 25, 2016

Оштетен штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци (потврдено)

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување
Предизвикување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост

Што се случило: Од страна на непознати сторители било извршено оштетување на штаб на по-
литичката партија ВМРО-ДПМНЕ, при што биле скршени стаклата од прозорот на задната страна
на објектот.

Датум, време и место на инцидентот: 25 ноември, околу 23:30 часот, ул. Моша Пијаде, Кавадарци
Извор на информации: Електронски медиум Телеграф.мк.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ), Предизвикување омраза, раздор
или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа (Член 319, КЗ)
Сторители: Непознати.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
политичка припадност, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – целна локација е партиски штаб на владејачката партија;
2. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е последен од растечкиот тренд на оштетување
на партиски штабови во предизборниот период

Статус на случајот: Затворен.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека по пријавувањето на
настанот, од страна на ПС ОН Кавадарци бил извршен увид на местото на настанот при што било
констатирано дека се работи за кривично дело „Оштетување на туѓи предмети“ (чл.243 од КЗ), а
бидејќи ова кривично дело се гони по приватна тужба не е поднесена кривична пријава против
непознат сторител до ОЈО.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање општата политичка
стабилност во земјата

Address
ул. Моша Пијаде, Кавадарци
Location Name
ул. Моша Пијаде, Кавадарци

Number of victims
-
Number of Perpetrators
-
Status of the case
Нема информации
Type of incident?
Уништување на имот
Incident location
Улица
How did the police react?
Тие го истражуваат инцидентот
Have there been similar incidents / crimes in the same location?
Да
Оштетен штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци (потврдено) image

Criminal offences

Against Property
Оштетување на имотот
Against the State
Предизвикување национална, расна или верска омраза, раздор и нетолеранција

Grounds

Политичка припадност