ноември 13, 2016

Оштетена фасадата од музејот на албанската азбука во Битола (потврдено)

Инцидент
Предизвикување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост

Што се случило: Непознат сторител извршил оштетување на фасадата од Музејот на албанската
азбука, сопственост на Министерството за култура, при што со црна боја ги испрскал мермерната
плоча и пластичната табла од влезната врата на музејот, а на ѕидот до влезната врата нацртал
кукест крст.

Датум, време и место на инцидентот: 13 Ноември, 11 часот, Музеј на албанската азбука, Битола
Извор на информации: Електронски медиум МКД.мк.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ), Предизвикување омраза, раздор
или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа (Член 319, КЗ),
Сторители: Непознати.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничката припадност, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – целна локација е музејот на албанската азбука во Битола;

Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека по пријавувањето на
настанот и по овластување на ЈО од ОЈО Битола, бил извршен увид од СВР Битола. Настанот во
СВР Битола бил заведен како кривично дело Оштетување туѓи предмети за кое согласно чл.243
ст.1 од КЗ гонењето се презема по приватна тужба. Дополнително, во одговорот е наведено дека
се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и откривање на сторителите.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.

Адреса
Музеј на албанската азбука, Битола
Име на Локација
Музеј на албанската азбука, Битола

Број на жртви
-
Број на сторители
-
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот
Име на Локација
Институција
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Оштетена фасадата од музејот на албанската азбука во Битола (потврдено) image

Кривични дела

Против сопственоста
Оштетување на имотот
Против државата
Предизвикување национална, расна или верска омраза, раздор и нетолеранција