мај 23, 2016

Обиени партиските простории на СДСМ во Кисела Вода (потврдено)

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување
Предизвикување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост

Што се случило: Во просториите на општинската организација на СДСМ во Кисела Вода бил
извршен упад од страна на непознати сторители, при што насилно биле обиени бравите на
шест врати од просториите, украдени биле три лаптоп компјутери, два деск компјутера и еден
прожектор, а дополнително биле оштетени уште два компјутера од коишто се извадени хард
дискови и други делови.

Датум, време и место на инцидентот: 23 мај, околу 02:00 часот, општинска организација на СДСМ
во Кисела Вода.
Извор на информации: Дневен весник Утрински Весник.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ), Тешка кражба (Член 236 КЗ),
Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга
дискриминаторска основа (Член 319, КЗ)
Сторители: Непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
политичка припадност, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – целна локација е општинската организација на најголемата опозициска партија

Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека од страна на СВР Скопје
бил доставен записник за извршен увид до Основно Јавно Обвинителство – Скопје.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање општата политичка
стабилност во земјата.

Address
Кисела Вода
Location Name
општинска организација на СДСМ

Number of victims
-
Number of Perpetrators
-
Status of the case
Под истрага
Type of incident?
Уништување на имот
Incident location
Друга јавна локација
How did the police react?
Тие го истражуваат инцидентот
Have there been similar incidents / crimes in the same location?
Да
Обиени партиските простории на СДСМ во Кисела Вода (потврдено) image

Criminal offences

Against Property
Оштетување на имотот
Against the State
Предизвикување национална, расна или верска омраза, раздор и нетолеранција

Grounds

Политичка припадност