август 25, 2013

Немири со струшко Октиси, спречена градба на црква

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

12:44 Градоначалникот на Стурга Зијадин Села пристигнал во Октиси и ги повикал насобраните луѓе од двете страни да се разотидат и од утре да почнат дијалог за надминување на проблемот.

11:42 Оџата преку разгласот на минарето од селската џамија, зборувајќи на македонски јазик, го повикал целото муслиманско население на село Октиси да излезе на улица и да ја спречи градбата на црквата и освеувањето на темелите.

11:31 Дебарско кичевскиот митрополит, Владиката Тимотеј останал во Охрид и не се упатил кон селото Октиси по барање на свештеникот од селото Вевчани кој инсистирал да не се креваат тензиите и да не се доведе Митрополитот во непријатна ситуација да не може да пристапи во селото и да ги освети темелите.

11:17 Полицијата стои помеѓу двете групи на луѓе, едните од православна, другите од муслиманска вероисповед и ги држи групите раздвоени. Од двете страни има скандирања и дофрлувања, но нема обиди за пробивање на полицискиот кордон.

11:10 Околу 20 – тина полицајци се на местото каде е поставена блокадата на патот, а според јавувањњата наскоро на лице место ќе пристигнат и специјалци.

Утрово од 10 часот и 30 минути блокиран е патот кој води до селото Октиси, струшко, каде селаните од муслиманска вероисповед го блокирале патот и со тоа го спречиле поставувањето на камен темелник кое било закажано за 11 часот.

Поголема толпа луѓе стои на патот со ситакнати арапски знамиња и не дозволува да поминат свешетниците од МПЦ како и донаторот на црквата.

Целокупната потребна документација за градба на црквата е извадена, а мотивот за спречување на осветувањето на темелите најверојатно е верски.

Адреса
Oktisi, Macedonia (FYROM)

Број на сторители
1
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Фотографии