октомври 26, 2025

Насилство на спортски натпревар помеѓу ФК Беса и ФК Аеродром

Инцидент
Инциденти сторени на спортски натпревари

На 26.10.2025 во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода О.Д.(32) и Е.А.(18), двајцата од Куманово, играчи на фудбалскиот клуб „Беса“ од с.Слупчане, општина Липково, затоа што на фудбалски натпревар во с.Слупчане физички нападнале играчи од гостинскиот клуб ФК „Аеродром“ од Скопје. СВР Куманово презема мерки за откривање на сите инволвирани и за целосно расчистување на случајот, по што против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.


Број на жртви
-
Број на сторители
-
Статус на случајот
-
Насилство на спортски натпревар помеѓу ФК Беса и ФК Аеродром image