април 5, 2018

Насилство на Партизанска во Скопје

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Предизвикување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост

Што се случило: На Партизанска кај постојката која се наоѓа во близина на бурекчилницата „La
delicious“, двајца млади, повозрасни, луѓе истепаа еден доста помлад дечко. Кај постојката имаше
околу 15 луѓе од кои никој не реагираше, додека малку подалеку бев и јас (каде што исто набљудував)
При заминување двајцата тепачи извикале „има ли други шиптари тука“ па си заминале без да добијат
одговор.

Датум, време и место на инцидентот: 05 април, неопределно, бул Партизански одреди, во близина на
бурекчилницата „La delicious“, Скопје
Извор на информации: фајзбук статус на сведокот.
Инволвирани жртви: еден помлад дечко.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ), Телесна повреда (Член 130, КЗ на РСМ)
Сторители: двајца неидентификувани сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – жртвата и напаѓачите се од различно етничко потекло (македонци
и албанци);
2. Модел на претходни инциденти – регистрирани се и претходни вакви инциденти на јавни места
3. Место – Инцидентот се случил на место каде живеат мнозинство граѓани од македонска етничка
заедница.

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР овој случај воопшто не е евидентиран.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и
особено безбедноста на луѓето во средини кои треба да се сигурни и безбедни за нив (јавен превоз,
населби во кои живеат и се движат, јавни простори автобуски постојки).

Адреса
Партизанска, Скопје, Северна Македонија
Име на Локација
во близина на бурекчилницата „La delicious“

Број на жртви
1
Идентитет за објавување
Сведок
Број на сторители
2
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Телесна повреда Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Не направија ништо
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Насилство на Партизанска во Скопје image

Кривични дела

Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност