април 20, 2020

Напад со тврд предмет на лице во Бутел

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Што се случило: На 20.04.2020 во 22.20 часот во СВР Скопје, Ф.З.(51) од Скопје пријавил дека околу 17.00 часот на ул.„Радишанска“ во Скопје бил нападнат со тврд предмет од неколку непознати лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е етничко потекло, а пристрасните индикатори се:

  1. Етничкото потекло– жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
  2. Локација-настанот се случил во населба каде живее мешано етничко население и каде постои нетрпеливост помеѓу етничките заедници

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.


Број на жртви
1
Број на сторители
-
Статус на случајот
Нема информации
Напад со тврд предмет на лице во Бутел image