септември 28, 2022

Напад со остар предмет врз малолетник во автобус

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност

Што се случило: На 28 септември 2022, 17-годишен малолетник од с.Арачиново пријавил дека бил физички нападнат од друг малолетник, во автобус на ЈСП во населба Сингелиќ, кој се обидел да го нападне и со остар предмет.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничкото потекло, а пристрасните индикатори се:

  1. Етничко потекло – инволвираните припаѓаат на различни етнички заедници
  2. Модел на претходни инциденти – претходни напади меѓу малолетници во автобус
  3. Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички и јазични групи во општеството.


Број на жртви
1
Број на сторители
1
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад
Напад со остар предмет врз малолетник во автобус image