април 21, 2014

Напад на подрачна канцеларија на ВМРО-ДПМНЕ во Чаир (верифицирано)

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување

Што се случило: Непознати сторители ја демолирале подрачната канцеларија на ВМРО-ДПМНЕ
во Чаир.

Датум, време и место на инцидентот: 21 април, Чаир, Скопје.
Извор на информацијата: Националниот печатен медиум „Нова Македонија“.
Вклучена(и) жртва(и): Освен материјалната штетна, немало директни жртви во овој инцидент.
Вид на кривично дело(а): Оштетување туѓи предмети чл. 243 КЗРМ .
Сторител(и): Непознат(и).
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на пристрасност во овој
инцидент е политичката припадност и политичкото убедување, а индикатори на пристрасност во
овој инцидент се:
1. Локацијата – на мета е место од политичко значење за целната група.
2. Шема на претходни инциденти – На овој инцидент му претходел инцидент во соседната населба
Чаир, каде подрачната канцеларија на СДСМ била демолирана во текот на претходната ноќ
3. Недостаток на други мотиви.

Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на надлежните власти: Преку „Одговор на барање“то за информации од јавен карак-
тер пратено од Комитетот, Министерството за внатрешни работи изјави дека преземени се
неопходните мерки за расчистување на случајот, забележувајќи дека ова кривично дело
резултирало со помала материјална штета, па соодветно на тоа потребна е приватна тужба за да
се покрене судска постапка.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање
општата политичка состојба во земјата и соживотот помеѓу различните групи во општеството.

Адреса
Чаир, Скопје
Име на Локација
подрачна канцеларија на ВМРО-ДПМНЕ

Број на жртви
-
Број на сторители
-
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот
Име на Локација
Друга јавна локација
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Напад на подрачна канцеларија на ВМРО-ДПМНЕ во Чаир (верифицирано) image

Кривични дела

Против сопственоста
Оштетување на имотот

Основа

Политичка припадност