април 13, 2018

Напад на бул. Александар Македонски

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Насилство врз малолетници
Предизвикување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост

Што се случило: Во Полициска станица Гази Баба во периодот од 21 до 21.15 часот 17- годишно лице
од Скопје, 31-годишниот И.К. од Скопје и Д.И.(18) од Скопје пријавиле дека биле физички нападнати
од страна на неколку непознати лица во близина на автобуска постојка на булеварот „Александар
Македонски“. МВР преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Датум, време и место на инцидентот: 13 април, од 21 до 21.15 часот, автобуска постојка на булеварот
„Александар Македонски“, Скопје.
Извор на информации: Електронски медиум скопјеинфо.мк.
Инволвирани жртви: три жртви од кои еден малолетник (17).
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ), Телесна повреда (Член 130, КЗ на РСМ)
Сторители: непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – жртвите со напаѓачите се од различно етничко потекло (македонци
и албанци);
2. Модел на претходни инциденти – како и сите претходни напади на авотбуски станици
3. Место – Инцидентот се случил на авотбуска станица и улица каде и претходно имало вакви и
слични напади и каде што живеат и поминуваат луѓе од различни етнички заедници.

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР за овој случај нема дадено
дополнителни податоци.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и
особено безбедноста на луѓето во средини кои треба да се сигурни и безбедни за нив (јавен превоз,
населби во кои живеат и се движат, јавни простори автобуски постојки).

Адреса
бул.Александар Македонски, Скопје, Северна Македонија
Име на Локација
бул.Александар Македонски, Скопје, Северна Македонија

Број на жртви
3
Број на сторители
7
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Телесна повреда Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Не направија ништо
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Напад на бул. Александар Македонски image

Кривични дела

Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност