октомври 29, 2020

Нападнат мигрант во близина на село Умин дол, кумановско

Инцидент
Инциденти заради бегалски или мигрантски статус

Што се случило: На 29.10.2020 во СВР Куманово било пријавено дека околу 13.00 часот кај с. Умин дол, кумановско, едно лице со закана одзело пари од М.У.(26) од Пакистан. Се преземаат мерки за расчистување на случајот

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е бегалскиот или мигрантскиот статус, а пристрасните индикатори се:

  1. Бегалски или мигрантски статус – жртвата е маж со мигрантски статус
  2. Локација – настанот се случил на место каде што поминува рутата на мигрантите и бегалците кои транзитираат преку државата.

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните групи во општеството, а особено безбедноста на бегалците и мигрантите кои транзитираат низ територијата на Република Северна Македонија.


Број на жртви
1
Број на сторители
1
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Нападнат мигрант во близина на село Умин дол, кумановско image