јуни 20, 2019

Нападнат малолетник на ул. 16та Македонска Бригада (населбаАвтокоманда)

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Насилство врз малолетници

Што се случило: На 20.06.2019 година во 21.30 часот во СВР Скопје, Љ.Ж.М.(48) од Скопје пријавила дека на
ул. „16 та Македонска Бригада“ нејзиниот 17 годишен син бил физички нападнат од неколку лица. Се работи на
расчистување на случајот.

Датум, време и место на инцидентот: 20.06.2019 година во 21.30 часот на ул. „16 та Македонска Бригада“
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: една (1) малолетна жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: неколку непознати сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
2. Локација – настанот се случил на локација каде се движат различни етнички заедници и каде и претходно
имало регистрирано вакви настани. Во близина има и мултиетничко средно училиште.

Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.

Адреса
16-та Македонска Бригада, Скопје, Северна Македонија
Име на Локација
16-та Македонска Бригада, Скопје, Северна Македонија

Број на жртви
1
Број на сторители
-
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Нападнат малолетник на ул. 16та Македонска Бригада (населбаАвтокоманда) image

Кривични дела

Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност