Што се случило: Петнаесетгодишник од с. Кадино, без повод и причина, бил физички нападнат
од страна на пет-шест малолетни лица на возраст од 16 до 18 години пред билетарницата на
ЈСП на Транспортен центар. Во дневниот билтен на МВР е наведено дека се преземаат мерки за
пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 01 март, 18:35 часот, Транспортен центар, Скопје.
Извор на информации: Дневен билтен на Министерството за внатрешни работи, електронски
медиум 24 Вести.
Инволвирани жртви: Едно малолетно лице.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ).
Сторители: Група од 5-6 лица.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Претпоставена разлика во етничкото потекло – инцидентот се случил на Транспортниот
центар, од каде поаѓаат автобуси кои транзитираат низ области населени со лица со мешан
етнички состав
2. Природа на насилство – инцидентот се случил во јавност;
Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер
кое МХК го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека се работи за прекршок
„Физички напад“ согласно чл.12 од 3ППЈРМ и сè уште се преземаат мерки за расчистување на
настанот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.