Што се случило: На 20.09.2018 година во 14,00 часот во Полициската станица Гази Баба А.З.(45) од
село Синѓелиќ-скопско пријавил дека во 13,30 часот на автобуска постојка на булеварот «Александар
Македонски» во автобус број 65 физички бил нападнат неговиот 15 годишен син од страна на неколку
малолетни лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 20.09.2018 година, во 13,30 часот, во автобус бр.65 на автобуска
постојка на булеварот «Александар Македонски».
Извор на информации: дневен билтен на МВР.
Инволвирани жртви: едно малолетно лице.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: неколку малолетни лица.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – жртвата е малолетник а со напаѓачите се од различно етничко
потекло;
2. Модел на претходни инциденти – напади на осамени малолетни лица на улица, блиску училиште,
во автобус
3. Место- авотбус бр, 65 многу често бил место каде се случувале вакви напади
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и
особено безбедноста на децата и младите луѓе во средини кои треба да се сигурни и безбедни за нив (
училишта, јавен превоз, населби во кои живеат и се движат).