Што се случило: На 26.06.2018 година во Полициската станица Бит Пазар С.М.(33) пријавила дека
истиот ден околу 15,30 часот на улицата “376“ од страна на три малолетни машки лица и едно женско
лице физички бил нападнат нејзиниот 13 годишен син при што му биле нанесени видливи повреди. Се
преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 26.06.2018 година, 15,30 часот на улицата “376“
Извор на информации: дневен билтен на МВР.
Инволвирани жртви: едно малолетно лице.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ), Телесна повреда (Член 130, КЗ на РСМ).
Сторители: повеќе непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – жртвата е малолетник а со напаѓачите се од различно етничко
потекло;
2. Модел на претходни инциденти – напади на малолетни лица на улица, атобуска постојка или
блиску училиште
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР овој инцидент кај нив е регистриран
како нарушување на јавен ред и мир и се преземаат мерки за откривање на сторителите.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и
особено безбедноста на децата и младите луѓе во средини кои треба да се сигурни и безбедни за нив (
училишта, јавен превоз, населби во кои живеат и се движат). Особено несоодветниот одговор од страна
на државта, со тоа што го квалификува како прекршок наместо како кривично дело Насилство.