февруари 20, 2016

Нападнати ученици од СУГС „Димитар Влахов“ во Скопје (непотврдено)

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Насилство врз малолетници

Што се случило: Малолетни лица – ученици во СУГС „Димитар Влахов“, во неколку наврати од
неколку лица биле физички нападнати кај Транспортниот центар во Скопје, на паркингот под
надвозникот до депото на Пајак службата.

Датум, време и место на инцидентот: 20 февруари, околу 13:30 часот, на паркинг под надвозник
до депото на Пајак службата кај Транспортниот центар во Скопје.
Извор на информации: Електронски медиум Репортер.
Инволвирани жртви: Неколку малолетни лица.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ)
Сторители: Група од неколку непознати лица
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Претпоставена разлика во етничкото потекло – поради мешаниот етнички состав на учениците
кои учат во наведеното училиште, можно е етничкото потекло на сторителите да се разликува од
она на жртвата;
2. Природа на насилството – инцидентот се случил во јавност

Статус на случајот: Поднесено барање за поведување на прекршочна постапка.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека од страна на СВР Скопје
било доставено барање за поведување на прекршочна постапка до Основен Суд Скопје 1 Скопје,
Оддел за прекршоци.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.

Адреса
Пајак службата кај Транспортниот центар во Скопје
Име на Локација
на паркинг под надвозник до депото на Пајак службата кај Транспортниот центар во Скопје

Број на жртви
4
Број на сторители
6
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Име на Локација
Паркинг
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Нападнати ученици од СУГС „Димитар Влахов“ во Скопје (непотврдено) image

Кривични дела

Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност