Што се случило: Малолетни лица – ученици во СУГС „Димитар Влахов“, во неколку наврати од
неколку лица биле физички нападнати кај Транспортниот центар во Скопје, на паркингот под
надвозникот до депото на Пајак службата.
Датум, време и место на инцидентот: 20 февруари, околу 13:30 часот, на паркинг под надвозник
до депото на Пајак службата кај Транспортниот центар во Скопје.
Извор на информации: Електронски медиум Репортер.
Инволвирани жртви: Неколку малолетни лица.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ)
Сторители: Група од неколку непознати лица
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Претпоставена разлика во етничкото потекло – поради мешаниот етнички состав на учениците
кои учат во наведеното училиште, можно е етничкото потекло на сторителите да се разликува од
она на жртвата;
2. Природа на насилството – инцидентот се случил во јавност
Статус на случајот: Поднесено барање за поведување на прекршочна постапка.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека од страна на СВР Скопје
било доставено барање за поведување на прекршочна постапка до Основен Суд Скопје 1 Скопје,
Оддел за прекршоци.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.