Што се случило: Петмина мигранти биле нападнати од страна на четири лица во с. Дуброво.
Претходно, мигрантите биле пресретнати од лицата кои им предложиле да ги пренесат до
границата со Р. Србија со ПМВ„ Ауди“, за која услуга побарале 1000 евра, но мигрантите платиле
400. Мигрантите влегле во возилото кое го управувало едно од лицата, упатувајќи се кон Неготино.
Веднаш потоа, после с.Удово, останатите две лица облечени во полициски униформи го сопреле
возилото во кое биле мигрантите по што ги извадиле од возилото, ги легнале на земја и почнале
да ги претресуваат барајќи им пари. Мигрантите се спротивставиле и успеале да го одземат
патничкото возило „Ауди“ на второпријавениот, по што се дале во бегство.
Датум, време и место на инцидентот: 7 јуни, околу 22:00 часот, с. Дуброво.
Извор на информации: Дневен билтен на Министерство за внатрешни работи.
Инволвирани жртви: Петмина мигранти.
Вид на злосторства: Разбојништво во обид (Член 237, КЗ) Измама (Член 247, КЗ) Лажно претставу-
вање (Член 391, КЗ)
Сторители: Четворица сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – етничкото потекло на сторителите и жртвите се разликуваат;
жртвите се припадници на група (мигранти) која е убедливо помалубројна од припадници од
групата граѓани во областа каде се случил инцидентот;
2. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е последен од растечкиот тренд на кражби и
напади врз мигранти.
Статус на случајот: Поднесени кривични пријави против четири лица од страна на СВР Велес.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека по пријавувањето на
настанот се преземени мерки при што од страна на ПС ОН Неготино до ОЈО Кавадарци поднесена
е кривична пријава против 4 лица, Е.Е.(26) од Германија, А.Б. (36) од Велес, Н.С.(23) од Велес и
А.М.(20) од Скопје поради постоење на основи на сомнение дека првопријавениот сторил три
кривични дела по чл.247, ст.1 од КЗ „измама“ , чл.391 „лажно претставување“ и чл.237 в.в чл.19
„разбојништво во обид “, а другите тројца пријавени сториле две кривични дела по чл.391 „лажно
претставување“ и чл.237 в.в чл. 19 „разбојништво во обид“.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање безбедноста на
мигранти кои влегуваат и поминуваат низ земјата.