април 3, 2020

Нападнати мигранти во близина на с. Љубодраг и с. Ново Село

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Што се случило: На 03.04.2020 во СВР Куманово М.А.(27) од Сирија пријавил дека околу 19,30 часот во близина на с.Љубодраг и с.Ново Село-кумановско, неколку непознати лица кои биле со возило со закана со ножеви им побарале пари на пријавителот, неговиот брат и уште двајца нивни пријатели, по што и физички ги нападнале одземајќи им 100 евра и два мобилни телефони. Се работи на расчистување на случајот.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е етничко потекло, а пристрасните индикатори се:

  1. Етничкото потекло– жртвите и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
  2. Локација-настанот се случил на место каде што поминува рутата на мигрантите и бегалците кои транзитираат преку државата.

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.


Број на жртви
1
Број на сторители
-
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Нападнати мигранти во близина на с. Љубодраг и с. Ново Село image