октомври 19, 2017

Нападнати малолетници кај Транспортниот центар во Скопје (непотврдено)

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Насилство врз малолетници

Што се случило: Малолетни лица биле нападнати на автобуската постојка под Железничката
станица, односно Транспортниот центар во Скопје. Кон трите малолетни лица, од кои две на
возраст од 16, а едно на возраст од 15 години, додека чекале автобус, се доближила поголема
група од 10-15 непознати лица на возраст од околу 15 до 17 години и едно од лицата почнало да
го удира едниот малолетник во пределот на главата. Потоа бил нападнат и другиот малолетник,
по што напаѓачите избегале во непознат правец.

Датум, време и место на инцидентот: 19 октомври, 12:15 часот, автобуска постојка на бул.„Крсте
Мисирков”.
Извор на информации: Електронски медиум Либертас.
Инволвирани жртви: Три малолетни лица.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ)
Сторители: Група од неколку малолетни лица.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Претпоставена разлика во етничкото потекло – инцидентот се случил на автобуска постојка на која транзитираат луѓе со мешан етнички состав, можно е етничкото потекло на сторителите
да се разликува од она на жртвите
2. Природа на насилство – инцидентот се случил во јавност;

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: МВР во неговиот одговор кон Барањето за информации од јавен
карактер доставено до МХК во врска со овој инцидент го потврди инцидентот, наведувајќи дека
од страна на СВР Скопје до ОЈО Скопје било поднесено писмено Известување бр. 28.11.2/02-646
од 27 октомври 2017 година.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.

Address
бул.„Крсте Мисирков”
Location Name
автобуска постојка под Железничката станица

Number of victims
3
Number of Perpetrators
15
Status of the case
Нема информации
Type of incident?
Телесна повреда Физички напад Насилство
Incident location
Улица
How did the police react?
Тие го истражуваат инцидентот
Have there been similar incidents / crimes in the same location?
Да
Нападнати малолетници кај Транспортниот центар во Скопје (непотврдено) image

Criminal offences

Against Life and Body
Телесна повреда
Against the Public Order
Насилство

Grounds

Националност Етничка припадност